Дискусија
Details
Во услови кога Европа се соочува со предизвиците од зголемениот наплив на бегалци од кризните региони на Блискиот Исток и Африка, Македонија е една од главните транзит-земји од балканската рута низ која дневно минуваат илјадници бегалци, чија крајна цел е некоја од развиените западно-европските земји како Германија или Шведска.
Соседна Србија, како и Хрватска кои се исто така дел од балканската бегалска рута се соочуваат со истите предизвици, особено по одлуката на Унгарија да ги затвори своите граници.
Во тој контекст кога малите балкански земји се обидуваат да го решат овој (глобален) проблем регионот е ставен пред нов безбедносен предизвик, односно како да се мобилизираат расположливите капацитети со цел справување со ситуацијата на хуман, рационален и ефикасен начин.
Иницијативата ќе овозможи дискусија на темата помеѓу експерти и релевантни чинители од Македонија, Хрватска и Србија.