Asset Publisher

Конференција

I. Регионална политичка академија за жени политичарки – Жените политичарки од партнерските партии на КАС од регионот здружени за еднаква застапеност во политиката

учество на г-ѓа Дорис Пак, Претседател на Унијата на жени на Европската Народна Партија

Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) во соработка со Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ја организираат I. Регионална политичка академија за жени политичарки – Жените политичарки од партнерските партии на КАС од регионот здружени за еднаква застапеност во политиката.

Asset Publisher

На почеток

Details

Академија преставува прва иницијатива од овој тип која на едно место ќе собере жени политичарки од партнерските партии на КАС од земјите во регионот. Наша главна цел е поттикнување на соработка и вмрежување помеѓу жените-лидери кои припаѓаат на семејството на Европската народна партија, како и нивно охрабрување за заедничко делување во насока на имплементирање на родово-сензибилни политики во рамките на своите партии, како и во рамките на политиката и општеството генерално.

Темите кои ќе се дискутираат за време на академијата се однесуваат на регионалната партиска соработка, родово-сензибилни политики во рамки на партиите, поголемата вклученост на жените во политиката итн. 

Asset Publisher

Zum Kalender hinzufügen