Онлајн-семинар
Details
Говорниците на оваа дебата ќе дискутираат за многу актуелни прашања во ЕУ, особено поврзани со проектот „Иднината на Европа“, но исто така ќе разговараат за процесот на проширување на Европската унија, за европската перспектива на земјите од регионот со посебен фокус на Северна Македонија и членството на земјата во ЕУ.
На дебатата ќе земат учество:
Анке Холштајн, Амбасадор на СР Германија
Станислав Мрозек, Прв советник во Амбасадата на Република Франција
Калинка Габер, Државен секретар при Секретаријатот за европски прашања
Александар Николоски, Претседател на Националниот совет за евроинтеграции
Арта Биљали – Зендели, Заменик претседател на Комисијата за европски прашања
Мухамед Халили, Амбасадор, Претседател на Советот на амбасадори
Настанот ќе го отворат Милева Ѓуровска, Претседател на Европско движење и Даниел Браун, Официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер.
Дебатата ќе биде модерирана од Васко Наумовски, поранешен Заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања.
За присуство на настанот, потребно е да се регистрирате на следниот линк.
На настанот ќе биде обезбеден симултан превод на македонски албански и англиски јазик.