Работилница
Details
Работилницата ќе ги обедини силите на младите и искусните новинари на едно место со цел да се споделат знаењата и искуството следејќи ги новите трендови во областа на истражувачкото новинарство.
Во исто време целта на работилницата е да се зајакнат капацитетите на младите репортери и да се оспособат да ја создадат новата ера во медиумите заснована на интегритет и храброст.
На отворањето на работилницата ќе се обратат официјалниот претставник на КАС, Даниел Браун и претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски.
Следниве говорници ќе ја одржат работилницата:
Сашка Цветковска, новинарка на ИРЛ
Ана Петрушева, новинарка на БИРН
Гости говорници се:
Давид Илиевски, истражувач и продуцент
Лука Блажев, графички дизајнер
Среќко Поповски, новинар од 360 Степени
Официјалното отворање на работилницата ќе има хибриден карактер, со комбинирано физичко присуство и видео обраќање и ќе биде организирана во согласност со сите безбедносни протоколи за заштита на корона вирусот.