Онлајн-семинар
Details
Наставниците преку проектот ќе имаат можност да ги зајакнат сопствените компетенции за практикување демократија во училиштата, а во соработка со искусни тренери заеднички ќе развијат материјали за промовирање на култура на демократија помеѓу учениците, наставниците и носителите на одлуки.
Ученичкото учество и можноста за ученичко организирање се концепти, што се предвидени во Конвенцијата за правата на детето како право на почитување на мислењето на детето, право на слободно изразување на тоа мислење и право на здружување и мирно собирање. Сиет овие права претставуваат основа на едно граѓанско општество. Активното практикување на демократијата уште од најмлади години ќе допринесе во процесот на создавање одговорни граѓани, основни чинители на едно активното граѓанско општество.