Asset Publisher

Конференција

КОНФЕРЕНЦИЈАТА ВО ВАНЗЕ

ФИЛМ

Оваа година се навршуваат 80 години од депортацијата на Евреите од Македонија во центарот за убивање Треблинка во окупирана Полска. И Евреите од Македонија како и Евреите ширум Европа беа жртви на таканареченото конечно решение на еврејското прашање во неговата најгруба форма. Во рамки на одбележувањето на овој трагичен настан како и по повод Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот на 27 јануари и годишнината од Конференцијата во Ванзе од 20 јануари 1942 година, го прикажуваме филмот „Конференцијата во Ванзе“ (2022) во соработка со Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, Гете институтот и Еврејската заедница во Република Македонија.

Asset Publisher

На почеток

Details

Poster_The Conference

Филмот ја прикажува средбата на водечките претставници на нацистичкиот режим од СС, Канцеларијата на Рајхот, министерствата, полицијата и администрацијата утрото на 20 јануари 1942 година во вила на езерото Ванзе во близина на Берлин. Состанокот на кој Рајнхарт Хајдрих, шеф на главната канцеларија за безбедност на Рајхот, безбедносната полиција и СД, го покани како „состанок проследен со појадок“, подоцна ќе биде означен во историјата како „Конференцијата во Ванзе“. Единствената тема на агендата тоа утро беше она што нацистите го нарекоа „Конечно решение на еврејското прашање“: организација на систематско масовно убиство на милиони Евреи низ Европа. Филмот му дава на гледачот увид во шокантната „нормалност“ што се прикажува за време на состанокот додека се разговара за процедурите, организацијата и координацијата, како и за одговорностите за убиството на милиони луѓе како да е тоа секојдневен административен акт.

Филмот е заснован на оригиналниот записник од Конференцијата во Ванзе, снимен од Адолф Ајхман, кој се смета за клучен документ за истребувањето на Евреите и холокаустот. Сепак, овие записници не се стенографски, туку претставуваат записници за текот и заклучоците од состанокот.

На отворањето со поздравно видео обраќање ќе се обрати Проф. Д-р Норберт Ламерт, Претседател на Фондацијата Конрад Аденауер и поранешен Претседател на Германскиот Бундестаг. Официјални обраќања ќе имаат Даниел Браун, Официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер во Северна Македонија, Горан Садикаријо, Извршен директор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, Катрин Оствалд-Рихтер, Раководител на Гете-институтот Скопје, Пепо Леви, Претседател на Еврејската заедница во Република Македонија и Ото Граф, Заменик Амбасадор на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија.

Прикажувањето на филмот ќе се случи на 24 јануари (вторник) со почеток од 19:00 часот во Кинотека на Северна Македонија. Ве молиме потврдете го Вашето присуство најдоцна до 20 јануари (петок) на skopje@kas.de.

Филмот во истиот период ќе биде прикажан и во канцелариите на Фондацијата Конрад Аденауер во Загреб и Сараево.

 

Конференцијата во Ванзе (2022)
Режисер: Мати Гешонек
Сценарио: Магнус Фатрод и Паул Момерц
Продуцент: Константин филм и ЗДФ
Година на производство: 2022
Должина на филм: 1 час и 45 минути
Јазик: германски со македонски и англиски превод

Asset Publisher

Zum Kalender hinzufügen
Контакт

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакт

Robert Janev

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

robert.janev@kas.de +389 2 3217 075