Asset Publisher

Конференција

НАЦИОНАЛЕН МЛАДИНСКИ ХАКАТОН - ЗАПРИ ГО ОДЛИВОТ НА „МЛАДИ МОЗОЦИ“!

Здружението LEAD, во соработка со фондацијата Конрад Аденауер и Вилфрид Мартенс Центарот за Европски студии објавува повик за учесници на хакатон за спречување на одливот на „млади мозоци“ кој ќе се одржи од 17 до 19 мај во Охрид, како продолжение на регионалниот настан кој се одржа во 2018 година на истата тема.

Asset Publisher

На почеток

Details

Brain Drain Cover

Целта на настанот е да се придонесе кон националните политики за спречување на одливот на мозоци во Северна Македонија.

Настанот ќе опфати 30 учесници (институционални претставници, граѓански активисти и индивидуалци) кои сакаат да придонесат кон темата преку интензивен дијалог и развој на мерки и политики.

Настанот е наменет за лица со најмалку 2 годишно искуство во работа со една од следните области кои се поврзани со одливот на мозоци: вработување, претприемништво, човекови права, младински стандард итн.) и се дел од некоја граѓанска организација или делуваат самостојно.

На настанот дополнително ќе бидат поканети и претставници на релевантни институции поврзани со областа.

Аплицирајте преку пополнување на следната апликациска форма. Рокот за испраќање на апликациите е 03 мај (23:59).

Апликациската форма можете да ја најдете на следниот линк https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSc6J3xD6rMHUlDCncY6_2L9wdfmGlIJ1bo9cRPU3H689SyWdg/viewform

Доколку имате било какви прашања, можете да нѐ контактирате на info@lead.org.mk

МЕТОДОЛОГИЈА

Методологија на програмата ќе биде базирана на Документот за политики – Перспективи на младите луѓе кој беше изработен за време на минатогодишниот настан. Секој учесник ќе може да избере да работи на една од следниве 4 области:

  1. Образование
  2. Вработување
  3. Квалитет на живот
  4. Човекови права

Како резултат од настанот, секоја група ќе треба да изработи конкретни мерки за справување со одливот на мозоци во земјата. Резултатите ќе бидат претставени на национална конферанција на крајот од месец мај или почетокот на месец јуни.

За секоја група ќе има одредено по еден истражувач кој ќе помогне во формулирање на финалниот продукт.

Сите трошоци поврзани со настанот ќе бидат покриени од страна на организаторот.

Asset Publisher

Zum Kalender hinzufügen

Veranstaltungsort

Hotel Unique
ул. Партизанска бр. 56,
6000 Охрид
Северна Македонија
Контакт

Sandra Koljackova

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

sandra.koljackova@kas.de +389 2 3217 075

Asset Publisher

Asset Publisher