Конференција
Details
Настанот ќе се одржи на 05 ноември во големиот амфитеатар на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија со почеток во 10:00 часот.
Иницијативата ќе собере на едно место високи државни чинители, претставници на меѓународната заедница, експерти од областа на одбраната, безбедноста и меѓународните односи од земјата како и од регионот, кои заеднички ќе дискутираат за актуелните безбедносни предизвици кои ја засегаат Европа и регионот, како и за неопходноста од поинтензивна соработка во услови на сè понеизвесни безбедносни и геополитички околности.
Настанот ќе го отвори Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, а учество со свои излагања во рамки на конференцијата ќе имаат Министерот за одбрана Владо Мисајловки, Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, како и Амбасадорите на САД и СР Германија, Н.Е. Анџела П. Агелер (поканета) и Н.Е. Петра Дрекслер.
Работни јазици на настанот се македонски и англиски, со обезбеден симултан превод.
Доколку сте заинтересирани да присуствувате на настанот потребно е да се пријавите на e-mail: skopje@kas.de или на телефон 02 3217 075.