Семинар
Детали
Настанот претставува продолжение на континуираната поддршка кон градење одржлив развој во државата, креирање стратегии и визионирање на идните политики, особено во време на криза.
Тридневниот настан особено ќе се осврне на теми од сериозно значење за граѓаните и тоа во однос на предизвиците и состојбите во енергетиката, состојбите во Европската унија и прашањето на проширувањето, макроекономските перспективи на македонската економија, услови и можности за инвестирање во период на нестабилност, модели за успешно водење на општините, како и улогата на Собранието во време на криза.
Во рамки на официјалното отворање на Политичката академија свои обраќања ќе имаат Даниел Браун, Официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер; Патрик Фолер, Секретар за меѓународни односи на Европската народна партија; како и Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Теми
Партнери
