Семинар
Details
КАС во соработка со ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“ го организираат овој настан со селектирани 30-тина учесници, членови или симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на Политичката академија: Лидери за иднината, преку повеќе едукативни модули и менторска програма.
Настанот претставува финален модул на овогодинешната Академија, со која КАС дава удел на континуираната поддршка кон градење одржлив развој во државата, поттикнување на младите политичари и нивна подготовка за водење на процесите на напредок во државата.
Дводневниот настан особeно ќе опфати теми од економијата и предизвиците со кои граѓаните и бизнисите се соочуваат во време на кризи. Од учесниците ќе се очекува да дадат свои креативни идеи за надминување на овие предизвици.
Покрај од КАС, модулите на Политичката академија се поддржани и од други партнери на ВМРО-ДПМНЕ, како што се ИФЕС со поддршка на Швајцарската агенција за развој, Меѓународниот републикански институт и Националниот демократски институт.
КАС продолжува со силната поддршка на градењето капацитети на политичките чинители во правец на носење информирани одлуки, базирани на знаење, искуство и податоци.