Семинар
Details
“Политиката во локалните заедници е исто така школа за високата политика” (Конрад Аденауер)
Академијата ќе вклучи членови на политички партии и политичари на јавни функции кои се стремат за демократска и транспарентна политика на локално ниво, блиска до граѓаните.
Политичката академијата ќе им овозможи на учесниците да се стекнат со теоретска и практично знаење за да ги подобрат нивните политичките вештини на локално ниво.
Цел на Академијата:
Зголемување на знаењето за креирање на локални политики;
Стекнување на знаења и вештини за политичка комуникација на локално ниво и во рамки на политичката партија;
Практична употреба на стекнатите вештини за влијаење врз процесите на одржлив и ефикасен развој на локалните власти.
Таргет група:
Членови на Унијата на жени и Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.