Конференција
Details
Оваа панел дискусијата има за цел да поттикне дискусија за потребата за унапредување на женското лидерство и женското учество во политиката и демократијата.
На панел дискусијата со свое воведно обраќања ќе земе учество Марион Валсман, Пратеничка во Европскиот парламент и Потпретседателка на заедничкиот парламентарен комитет на делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.
Во рамки на панел дискусијата исто така ќе се обратат и
Гордана Сиљановска Давкова, Пратеничка и Претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите
Данела Арсовска, Градоначалничка на Град Скопје
Жаклина Пешевска, Пратеничка и Претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ
Моника Зајкова, Пратеничка и член на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите
Влора Речица, Истражувач и раководителка на центарот за парламентарна поддршка и демократизација при Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје
Настанот ќе биде отворен од страна на Даниел Браун, Официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, Елефтерија Катци, Соработник за комуникација и медиуми при Центарот за европски студии Вилфред Мартенс и Н.Е. Анке Холштајн, Амбасадорка на СР Германија во Северна Македонија.
Панел дискусијата ќе биде модерирана од Марија Ристеска, Извршна директорка на Центарот за истражување и креирање политики од Скопје.
По панел дискусијата ќе биде организиран и пригоден коктел за присутните.
Работни јазици на настанот се македонски, албански, англиски и германски (со обезбедено симултано толкување).
Панел дискусијата ќе се одржи во Ragusa Rooftop (Катна гаража “26 Јули”, Св. Кирил и Методиј бр.1).