Онлајн-семинар
Details
Форумот има за цел да поттикне дискусија за улогата и учеството на законодавните домови во процесот на приклучување кон Европската Унија, со особен осврт на Собранието на Република Северна Македонија и неговиот однос со Европскиот Парламент.
Г-н Даниел Браун, официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер и г-н Марко Трошановски, претседател на Институтот за демократија ќе одржат воведни обраќања.
Говорници на оваа конференција се г-н Горан Мисовски, заменик претседател на Собранието на Република Северна Македонија, г-ѓа Марион Валсман, заменик претседавач на Делегацијата во Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Република Северна Македонија, г-н Александар Николоски, претседател на Националниот Совет за Евроинтеграции и г-н Владимир Билчик, член на Делегацијата во Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Република Северна Македонија.
Конференцијата ќе биде модерирана од страна на г-н Зоран Нечев, раководител на Центарот за европски интеграции при Институтот за демократија.
За присуство на настанот, потребно е да се регистрирате на следниот линк.
На настанот ќе биде обезбеден симултан превод на македонски, германски и англиски јазик.