Конференција
Details
Во рамките на овој настан ќе се промовираат два труда од авторот Денис Прешова, кои ги анализираат тековните реформи во правосудниот сектор и нивната усогласеност со приоритетите на ЕУ.
Првиот труд „Реформа на судството во Република Македонија: Промена без реформи?“ ја анализира Стратегијата за реформа во правосудниот сектор за периодот 2017 – 2022 година, со акцент на реформите во Судскиот совет. Вториот труд со наслов „Уставниот суд изгубен во судските реформи“ го обработува уставното судство во Република Македонија осврнувајќи се на потенцијалното позитивно влијание кое Уставниот суд би можело да ја има врз судството, а низ призма на гореспоменатите судски реформи.
Следењето на реформите е дел од проектот “Perform on Reform” кој го спроведуваат ИДСЦС во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер.