Asset Publisher

Дискусија

Регионална школа за безбедност 2025

Евро-атлантската безбедносна динамика: Предизвици за НАТО, Европа и процесот на проширување кон Западен Балкан

Asset Publisher

Сподели

Детали

Фондацијата Конрад Аденауер  (КАС) и Филозофскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” – Скопје организираат панел дискусија на тема “Евро-атлантската безбедносна динамика: Предизвици за НАТО, Европа и процесот на проширување кон Западен Балкан”.

Настанот ќе се одржи на 06 март во големиот амфитеатар на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија со почеток во 12:30 часот.

Оваа панел дискусија ја организираме во рамки на официјалното отварање на т.н. Школа за безбедност 2025, која КАС и Филозофскиот факултет-Скопје, а со поддршка на нашата сестринска фондација Вилфрид Мартенс Центарот за Европски студии од Брисел традиционално ја организираат во изминатите неколку години. Иницијативата има за цел да поттикне соработка и пријателство помеѓу земјите од регионот, нудејќи платформа која на едно место обединува студенти и млади професионалци, како и експерти и претставници од академската сфера од три соседни земји, односно Северна Македонија, Бугарија и Србија, со цел дискусија и размена на искуства на теми кои се од заеднички интерес, како што се прашањата за регионалните безбедносни предизвици и регионалната соработка на ова поле.

Домаќин на настанот ќе биде Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој ќе има свое воведно излагање на темата. Воведни обраќања на настанот ќе имаат и претставниците на организаторите на настанот, односно Официјалниот претставник на Фондацијата Конрад Аденауер Даниел Браун, Катерина Јакимовска од Центарот за Европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел, како и Деканот на Филозофскиот факултет проф. д-р Оливер Бакрески.

Свое излагање во рамки на панел дискусијата ќе имаат:

проф. д-р Васко Наумовски од Правниот факултет “Јустинијан Први” – Скопје; Поранешен Заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања; Поранешен амбасадор во САД;

д-р Ана Крстиновска од Здружението за развој на стратегии, истражување, едукација и промоција на меѓународни вредности ЕСТИМА;

проф. д-р Ненад Марковиќ од Правниот Факултет “Јустинијан Први” - Политички студии, Универзитет Св. Кирил и Методиј - Скопје.

Дискусијата ќе ја модерира проф. д-р Марјан Ѓуровски од Филозофскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје, кој ќе даде и свое воведно излагање на темата.  

Работни јазици на настанот се македонски и англиски, со обезбеден симултан превод.

Asset Publisher

Внеси во календар
Контакт

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакт

Daniela Popovska

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

daniela.popovska@kas.de +389 2 3217 075

Asset Publisher