Asset Publisher

Работилница
Ausgebucht

Регионална студентска размена

Прекугранична соработка и размена на искуства за обновливи извори на енергија – управување со води и фотоволтаични системи и технологии

Од 05 до 07 април во Дојран, Фондацијата Конрад Аденауер во заедничка соработка со Машинскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје и Градежен факултет при Универзитетот Аристотелис од Солун, организира регионална студентска работилница на тема “Прекугранична соработка и размена на искуства за обновливи извори на енергија – управување со води и фотоволтаични системи и технологии”.

Asset Publisher

На почеток

Details

Иницијативата која е продолжение на воспоставената билатерална соработка помеѓу двата факултета од 2017 година иницирана од страна на КАС, ќе собере на едно место 20 студенти, млади професионалци од двете земји, Северна Македонија и Грција, кои ќе имаат можност да разменат знаење и искуства во однос на теми кои се од нивен заеднички интерес, односно управување со отпадни води како и технологии за соларни фотоволтаични системи. Исто така, иницијативата нуди можност на студентите да ја прошират својата мрежа на професионални и лични контакти од регионот, а со тоа е можност за понатамошна соработка и размена. Работилниците ќе бидат фасилитирани од страна на група професори односно експерти од двата факултети во Скопје и Солун, кои ќе им даваат насоки и поддршка на студентите.

Настанот е поддржан и од страна на нашата сестринска фондација од Брисел, Центарот за Европски студии Вилфрид Мартенс. 

Asset Publisher

Zum Kalender hinzufügen

Referentinnen und Referenten

  • проф. Зоран Марков
    • Машински Факултет
    • Универзитет Св. Кирил и Методиј – Скопје
  • Иљчо Јовановски
    • експерт за пречистување отпадни води
  • проф. Јанис Ксенидис и проф. Антигони Зафираку
    • Градежен факултет - Универзитет Аристотелис
    • Солун
  • проф. Харалампос Скуликарис
    • Раководител на канцеларијата на УНЕСКО при Универзитетот Аристотелис
    • Солун.
Контакт

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакт

Daniela Popovska

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

daniela.popovska@kas.de +389 2 3217 075