Регионална школа за безбедност 2019 - КАНЦЕЛАРИЈА НА ФОНДАЦИЈАТА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Asset Publisher
Семинар
Регионална школа за безбедност 2019
Хибридни закани и нивното влијание на демократијата – можности за регионална соработка
Во соработка со Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел
Фондацијата Конрад Аденауер заедно со Факултетот за безбедност-Скопје и Центарот за Истражување и креирање политики организира Регионална школа за безбедност 2019.
Иницијативата вклучува студенти и професори од Факултетот за безбедност-Скопје, Универзитетот Македонија од Солун и Универзитетот Св. Климент Охридски од Софија.
Обработувајќи теми кои се од заеднички интерес проектот има за цел да поттикне соработка и размена помеѓу земјите од регионот, посебно помеѓу младите како идни експерти и носители на одлуки. Исто така, соработката помеѓу универзитетите од Северна Македонија, Бугарија и Грција ќе даде позитивен пример на политиката, а со тоа и позитивна рефлексија на билатералните и мултилатералните релации помеѓу земјите во регионот.