Конференција
Details
Оваа инцијатива која ја имплементираме шеста година по ред има за цел да поттикне соработка и размена помеѓу студенти и млади професионалци, како и експерти и претставници од академската фела од областа на безбедноста и меѓународните односи од земјите во регионот.
Оваа година на школата ќе земат учество студенти и експерти од областа на безбедноста и меѓународните односи од Северна Македонија, Албанија, Грција и Србија.
На официјалното отварање на настанот на 18 мај во 12.00 часот свое обраќање и краток осврт на темата ќе имаат:
г-н Стево Пендаровски, Претседател на Република Северна Македонија;
д-р Ханс-Герт Петеринг, Поранешен Претседател на Европскиот Парламент и Висок претставник за европски прашања на Фондацијата Конрад Аденауер - Берлин;
д-р Вернер Фаслабенд, Претседател на Академскиот совет на Центарот за европски студии Вилфрирд Мартенс – Брисел. Поранешен Министер за одбрана на Австрија;
Н.Е. Анке Холштајн, Амбасадор на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија;
Н.Е. Кејт Мари Брнс, Амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија;
Проф. Марјан Ѓуровски, Проректор на Универзитетот Св. Климент Охридски – Битола.
Свеченото отворање на настанот ќе биде организирано во т.н. хибридна форма (комбинација од физичко присуство и онлајн врска преку платформата ЗООМ) и ќе биде во согласност со сите здравствени и безбедносни протоколи пропишани од Министерството за здравство и Владата на РС Македонија. Истото ќе се пренесува во живо (live streaming) на facebook-страната на Канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденауер во Скопје.
На свеченото отворање на настанот ќе биде обезбеден симултан превод на македонски и англиски јазик.
Официјалното отварање на настанот можете да го проследите на следниот линк.