Семинар
Details
Целта на проектот е да се поттикнат учениците самите да развијат функционален и одржлив модел на Училишна заедница предводена од самите нив, која ќе послужи како модел за останатите средни училишта во државата. Самиот проект е поделен на три фази. Првата фаза е градење на капацитетите на 25 ученици во заедницата, коишто ќе учествуваат на три дводневни обуки. Втората фаза опфаќа стратешко планирање во период од четири дена, каде што учениците ќе развијат сопствен модел на функционирање на заедницата. Третата фаза вклучува консултативни средби, како и процес на избирање на раководно тело на заедницата.