Семинар
Details
Во време на светски демократски предизвици, Фондацијата Конрад Аденауер цели кон зголемување на капацитетите на највисоките политички претставници на граѓаните за подобрување на нивната комуникација со граѓаните, стратешко размислување и позиционирање во Собранието и нудење мерки и политики за справување со предизвиците.
Тридневниот настан ќе се осврне на теми како што се улогата на Собранието во време на современите предизвици за демократијата, стратешко планирање на комуникациите и ефикасни модели на односи со јавноста, етичност во комуницирањето, односите со медиумите, социјалните медиуми и нивната употреба за ефикасна комуникација со различни целни групи, како и стратешко позиционирање на пратениците во Собранието.
Тренинг-семинарот ќе го отвори Даниел Браун, Официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, а на официјалното отворање на присутните ќе се обратат и Марион Валсман, Пратеничка во Европскиот парламент, како и Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
По поздравните обраќања ќе следи и панел дискусија на тема „Улогата на Собранието во време на кризи - Предизвик за демократијата“ на која ќе земат учество Никола Мицевски, Координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, Пратеничка и Претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и Стефан Андоновски, Раководител на ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“.