Конференција
Details
Иницијативата има за цел да понуди платформа за размена на знаење и искуства помеѓу експерти од областа на безбедноста и меѓународните односи од регионот, поточно Северна Македонија, Бугарија, Србија, Црна Гора, како и од Германија, и да овозможи дискусија во однос на актуелните безбедносни предизвици пред кои се исправени регионот и Европа во време на воена агресија во Украина, земајќи ги во предвид влијанијата од страна на надворешните актери и пропагандата, како закана за демократијата, мирот и стабилноста.
Во рамки на официјалното отворање на настанот со свои обраќања на темата ќе земат учество:
Даниел Браун, Официјален Претставник на Фондацијата Конрад Аденауер во Северна Македонија и Косово;
Проф. д-р Никола Јанкуловски, Ректор на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” – Скопје;
Проф. д-р Ратко Дуев, Декан на Филозофскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” – Скопје;
Славјанка Петровска, Министер за одбрана;
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадор на Украина во Република Северна Македонија;
Ерик Мајер, Заменик шеф на Мисија, Амбасада на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија.
Флориан Трегер-Штајнтјес, Раководител на оддел за култура и медиуми при Амбасадата на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија.
Воведничар на настанот ќе биде Проф. д-р Марјан Ѓуровски од Филозофскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” – Скопје.
Работни јазици на настанот се македонски и англиски (со обезбедено симултано толкување).
За повеќе информации погледнете ја програмата од настанот.