Дискусија
Details
Настанот ќе го отвори директорот на канцеларијата на фондацијата Конрад Аденаур во Скопје Даниел Браун, а свое излагање на темата ќе имаат Петер Бајер, Пратеник во Германскиот Бундестаг на ЦДУ, кој воедно е специјален известувач за трансатлантски односи и регионот Западен Балкан на пратеничката група ЦДУ/ЦСУ, Никола Попоски, поранешен министер за надворешни работи, како и д-р Андре Хертел, истражувач при Германскиот институт за меѓународна политика и безбедност.
Дискусијата ќе ја модерира д-р Ненад Марковиќ, Член на советот за безбедност на Република Северна Македонија.
Настанот ќе се одржи на 10 март (четврток) со почеток во 19:30 часот преку ZOOM-платформата.
Работен јазик на настанот ќе биде англиски.
Вашето учество на настанот можете да го регистрирате на следниот линк.