Asset Publisher

Онлајн-семинар

Трансатлантските односи за време на новата администрација на САД

Импликации врз глобалната улога на Европа и проширувањето на ЕУ

На 31 март со почеток во 18.00 часот, КАС во соработка со Институтот за општествени истражувања - МК91 организира настан на ZOOM платформата на тема „ Трансатлантските односи за време на новата администрација на САД - импликации врз глобалната улога на Европа и проширувањето на ЕУ“.

Asset Publisher

На почеток

Details

The transatlantic relations under the new US administration

Случувањата во трансатлантската агенда во последната деценија ја нагласуваат потребата од континуирано зајакнување на евроатлантскиот сојуз, особено во светло на растечката улога на НАТО и потенцијалните закани. Поголемата солидарност, заштитата на заедничките вредности и заедничкиот одговор на предизвиците остануваат суштински во претстојниот период. Враќањето на САД на глобалната сцена, повторното вклучување во Европа и консолидацијата на алијансата неизбежно ќе влијаат на регионот на Балканот. Процесот на проширување на ЕУ, регионалната соработка и улогата што ја имаат другите земји во регионот, ќе бидат меѓу темите дискутирани од говорниците:

Тинко Вајбецал, Координатор за Северен Атлантик - Одел за европска и меѓународна соработка, фондација Конрад Аденауер

Џереми Стерн, Нерезидентен постар соработник, Атлантски совет

Антонио Милошоски, Пратеник / Претседател на Комисијата за надворешна политика

Никола Попоски, Поранешен министер за надворешни работи

Настанот ќе го отворат Даниел Браун, Официјален претставник на фондацијата Конрад Аденауер и Васко Наумовски, Претседател на Институтот за општествени истражувања - МК91 и Поранешен амбасадор во САД.

За присуство на настанот, потребно е да се регистрирате на следниот линк.

На настанот ќе биде обезбеден симултан превод на македонски и англиски јазик.

Asset Publisher

Zum Kalender hinzufügen

Referentinnen und Referenten

  • Тинко Вајбецал
    • Координатор за Северен Атлантик - Одел за европска и меѓународна соработка
    • фондација Конрад Аденауер
  • Џереми Стерн
    • Нерезидентен постар соработник
    • Атлантски совет
  • Антонио Милошоски
    • Пратеник / Претседател на Комисијата за надворешна политика
  • Никола Попоски
    • Поранешен министер за надворешни работи

Publikation

Трансатлантските односи за време на новата администрација на САД: Импликации врз глобалната улога на Европа и проширувањето на ЕУ
Прочитај повеќе
Контакт

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

Asset Publisher

Partner

MK91 logo