Студиска програма
Details
Преку проектот, учениците ќе ги зајакнат своите капацитети за раководење со Училишната заедница и ќе бидат поттикнати самите да креираат функционален и оддржлив модел целосно воден од учениците кој потоа ќе може да се реплицира во останатите училишта низ земјава.
За таа цел, ги повикуваме средношколците од Раде Јовчевски-Корчагин, да аплицираат за учество во процесот за зајакнување на Училишната заедница и да добијат можност да бидат дел од раководните структури на истата.
Проектот ќе биде поделен во три фази:
-> Симулација на функционирањето на Училишната заедница – Дводневна обука на почеток на месец октомври
-> 4 дневно стратешко планирање каде што учениците ќе можат креираат сопствен модел за функционирање на училишната заедница – На крајот од месец октомври
-> Евалуација на сработеното за време на проектот - Во тек на месец ноември
Присуството на сите обуки е задолжително за избраните ученици. Учениците кои ќе го комплетираат проектот ќе бидат наградени со сертификати за учество.
Ве охрабруваме да се пријавите да бидете дел од проектот со пополнување на АПЛИКАЦИСКА ФОРМА, најдоцна до 23.09 (петок).
Силно веруваме во вашиот потенцијал и уверени сме дека проектот ќе ви даде можност да се стекнете со вештини и знаењa преку кои ќе можете да управувате со Училишната заедницата.
За повеќе информации, слободно обратете се на 078/204 814 – Илија Станковски или на следната mail адреса – ilija.stankovski@yahoo.com