Извештаи за настани
Целта на овој семинар беше да им овозможи на учесниците да развијат дискусија за актуелните предизвици за македонското општество, државата и верските заедници во врска со овој глобален проблем.
За време на дискусиите се отворија теми како што се тероризмот во историски контекст, улогата на ОН во борбата против глобалниот тероризам, опасностите за Македонија и општеството, како и младите како потенцијални учесници и жртви во терористичките акти. Понатаму, како предмет на дебата беше отворена и улогата на медиумите и нивната одговорност во информирањето за овој глобален предизвик, како и улогата на религијата и верските заедници. Конечно, тероризмот и радикализмот беа дискутирани и низ призма на перцепциите за Европа и Блискиот Исток.
Целната група на семинарот беа актуелните и поранешни стипендисти на Фондацијата Конрад Аденауер.