Asset Publisher

Извештаи за настани

„Катедра Аденауер: Каде одиш, Европа?“

Размислување без граници

Фондацијата Конрад Аденауер и Вилфрид Мартенс Центарот за Европски Студии од 3ти до 5ти јуни во Крушево го организираа семинарот под наслов „Катедра Аденауер: Kaде одиш, Европа?“. На настанот земаа учество четириесетина студенти од различни универзитeти во земјава.

Asset Publisher

На почеток

За време на семинарот беа опфатени теми кои се актуелни во Европската унија како што се интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ, политичкиот плурализам како и најголемиот предизвик за унијата по Втората светска војна, бегалската криза.

Во рамки на семинарот беше организирана работилница каде предмет на дебата беше забраната за носење на бурка во Европа. Главните цели на работилницата беа студентите да имаат можност да се запознаат со проблемот и главните причини за донесување на забраните за носење бурка во Европа, како и откривање на главните аргументи на политичките групи во Европскиот парламент во однос на прашањето. Со ова тие добија подобар увид за улогата на религијата (исламот) во модерните европски општества и подобра перцепција за политичкиот плурализам во Европа.

Asset Publisher

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher