Извештаи за настани
Главниот фокус на настанот беше да промовира дух на соработка и компромис во општествата во врска со најтешките предизвици. Како продолжение на настанот, ќе се одржи и првиот состанок на советот на EDS за работната 2017/2018 година.
Настанот овозможи идните лидери од цела Европа да научат повеќе за Македонија и нејзината улога во Европа. Исто така, дискусиите овозможија да се зајакнат односите помеѓу ЕDS и нејзините организации членки со цел создавање на посилна и повклучувачка европска иднина.