Пoддршката на граѓаните за зачленување во Европската Унија останува силна во Македонија и покрај постојаниот тренд на благо опаѓање низ годините. Скоро три четвртини од анкетираните (73%) граѓани во ноември 2017 изјавија дека го поддржуваат членството на земјава во Унијата што е за 4 процентни поени помалку споредено со 2016.
Високата поддршка за зачленувањето во ЕУ, се должи на три фактори од кои најсилен е очекувањето за подобрување на економската состојба по евентуалниот влез во Унијата. Други два фактори кои имаат влијание врз расположението на граѓаните за процесот се спорот за името со Грција како и односите на партиите со ЕУ што во одреден дел се пресликува и на нивните симпатизери.
Целосните наоди можете да ги преземете во истражувањето достапно на нашата веб-страна.