Извештаи за настани
Во рамки на тридневната посета, гостите имаа можност да се сретнат со млади луѓе ангажирани во различни области од Македонија, каде разговараа за можностите и предизвиците на нивната генерација. Понатаму, тие го посетија и прифатниот центар за бегалци „Винојуг“ во Гевгелија со цел запознавање со справувањето со мигрантската криза од македонска перспектива. На крајот, младинската организација се сретна и со македонскиот Министер за надворешни работи, г-дин Никола Попоски со кого разговараа за улогата на младите како движечка сила за подобрување на политичките процеси, билатералните односи помеѓу Македонија и Германија како и мигрантската криза.