Извештаи за настани
За време на посетата, г-дин Фрај имаше можност да се сретне со високи државни функционери, претставници од партии, како и да го посети прифатниот центар за бегалци „Винојуг“ и Државната Изборна Комисија. Главните теми за дискусија за време на неговата посета беа актуелната политичка ситуација во земјата и предизвиците за Македонија и Европа во генерална смисла кои се однесуваат на мигрантската криза, а се разговараше и за работата на Фондацијата.