Учесниците имаа можност да се дискутираат и споделат мислења во однос на актуелните политички и општествени предизвици во двете земји, давајќи позитивен пример во регионот во насока на заедничка соработка и градење мостови.
Билатералната средба започна со воведна сесија на која стипендистите од двете земји имаа можност повеќе да се запознаат со целта и идејата на иницијативата во насока на зајакнување на регионалната соработка и помирување.
Наредниот ден акцент на активностите и дискусијата беше ставен на напорите кон интеграција на регионот каде двете страни се согласија интеграцијата на Регионот Западен Балкан е од исклучително значење, ставајќи притоа акцент и на потребата од градење на поблиски релации и сузбивање на негативниот наратив кој придонесува за несогласувања и поделби помеѓу двете земји.
На овој ден беше интегрирана и сесија која се однесуваше на медиумското известување во двете земји во односно на билатералните прашања, каде учесниците имаа можност да ја разберат улогата на медиумите во креирањето на јавното мислење како и неговото влијанието на политичката клима и регионалната стабилност.
Понатаму беше спроведена и работилница со наслов “Операции на надворешни актери”, која обработуваше разни типови пропаганда како алатка за контрола и влијание врз јавното мислење.
Вториот ден од билатералната средба заврши со културно-информативна тура и разглед на градот Охрид во рамки на која учесниците имаа прилика подетално да се запознаат со богатото културно наследство на градот и неговата природна и архитектонска посебност.
Последниот ден од овој настан започна со работилница посветена на можностите и перспективите за поврзување на македонската и бугарската младина, завршувајќи со средба и можност за дискусија со градоначалникот на Град Охрид Кирил Пецаков.
Регионалната соработка и процесот на помирување претставуваа особено важни теми за регионот и ваков вид на иницијативи претставуваа одлична можност за размена на различни мислења и ставови помеѓу млади луѓе од двете земји, во рамки на конструктивна дебата во духот на европските вредности.
Во оваа насока младите стипендисти од двете земји заедно поминаа продуктивно и навистина прекрасно време во Охрид и со нетрпение ја очекуваат наредната средба!