Извештаи за настани
Како серија на академски конференции, “Катедра Аденауер 2015” досега опфати два настани кои ги тангираа ЕУ интеграциите и моменталните политички предизвици. Третиот настан беше организиран во вид на семинар кој ја опфати темата “Миграциите и ЕУ – Што се случува во Европа”
Фокусирајќи се на еден од најголемите предизвици моментално во Европа, семинарот ја опфати темата од економска, политичка и геополитичка гледна точка. Понатаму, за време на практичниот дел на семинарот, учесниците беа во можност да истражат, разменат идеи и да ги презентираат своите гледишта во 4 различни области поврзани со темата и тоа: Политичките ризици поврзани со мигрантите/бегалците во земјата; Политичките ризици поврзани со мигрантите/бегалците во Европа; Националната законска рамка за миграција и азил во земјата; Меѓународната законска рамка за миграција и азил.
На овој семинар земаа учество повеќе од 30 студенти од различни унверзитeти во земјава.