Asset Publisher

Извештаи за настани

Катедра Аденауер 2023

На 17 и 19 октомври, КАС во соработка со Центар за европски студии Вилфред Мартенс од Брисел, Академијата за Европски интеграции - Скопје, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола и Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип организираше две предавања во рамки на Катедрата Аденауер 2023 година.

Asset Publisher

На почеток

Катедра Аденауер претставува научно - образовна платформа на која студенти, експерти и претставници на академската заедница дискутираат и ги споделуваат своите гледишта околу актуелни теми кои се однесуваат на влијанијата од руската воена агресија во Украина во однос на евроатлантските интеграции во земјите од регионот на Западен Балкан, како и на и на безбедносните и надворешни предизвици во регионот.

Првото предавање со наслов „Повторно за Балканот - Помеѓу трансатлантскиот сојуз и надворешните влијанија во поглед на руската агресија во Украина“ се одржа на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола на 17 октомври 2023 година.

Настанот се фокусираше првенствено на безбедносните и надворешните предизвици со кои се соочува регионот, особено во поглед на руската воена агресија во Украина.

Клучни точки за дискусија на овој настан беа:

Руската воена агресија во Украина: Говорниците ги анализираа импликациите на руската воена агресија во Украина врз регионот на Западен Балкан, дискутирајќи за потенцијалните дипломатски, економски и безбедносни мерки за справување со овој предизвик.

Правни перспективи за безбедносните предизвици: Панелистите ги истражуваа правните рамки и меѓународните конвенции кои би можеле да се искористат за подобрување на регионалната безбедност и ублажување на надворешните закани.

Економски димензии на безбедносните предизвици: Во рамки на дисусијата се даде увид во економските реперкусии од безбедносните предизвици, нагласувајќи ја важноста на одржливите економски политики и меѓународната соработка во промовирањето на стабилноста.

Дискусијата беше проследена со прашања и коментари од студентите и другите експерти присутни на настанот.

Второто предавање со наслов „ЕУ и НАТО на Западен Балкан во контекст на новите политички и безбедносни предизвици“ беше организирано на 19 октомври на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Настанот обезбеди платформа за опсежни дискусии и анализи на руската воена агресија во Украина и нејзините импликации врз евроатлантските интеграции на земјите од Западен Балкан, со посебен фокус на Северна Македонија. И на овој настан, студентите, претставниците на медиумите и други присутни експерти имаа можност да ги споделат своите ставови за темата.

 

Asset Publisher

Контакти

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакти

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher