Извештаи за настани
Г-дин Кремер исто така имаше дискусија на тема “Современа народна партија” со претставници на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
За време на неговата посета Кремер се информираше и за влијанието на бегалската криза во земјата и воедно ја посети македонско-грчката граница и транзитниот прифатен центар во Гевгелија, каде што беше запознаен со преземените мерки од страна на државните институции во процесот на контрола и регистрација на бегалците, како и со капацитетите на државата за згрижување и пружање соодветена помош на овие луѓе.