Извештаи за настани
Проектот е поделен во три фази. Првата фаза опфаќа серија од три дводневни обуки за 25 ученици членови на заедницата. Втората фаза опфаќа стратешко планирање преку кое учениците ќе имаат можност да направат сопствен модел за функционирање на училишната заедница. Третата фаза ќе опфати организација на консултативни сесии и процес на селекција на ново раководство на заедницата.
На 17 септември, проектниот тим имаше можност да учествува на конститутивната седница на училишната заедница за 2015/2016
година каде учениците го избраат новото раководство т.е. претседател и потпретседател. Пред сесијата, проектниот тим имаше можност да го претстави целиот проект и да ги најави сите активности.