Извештаи за настани
Обуката беше наменета за новинари, адвокати и јавни обвинители, кои имаат можност да се стекнат со знаења во врска со слободата на говорот, од страна на д-р Мирјана Лазарова Трајковска – поранешен судија во ЕСЧП, Ивана Трајчева – јавен обвинител и Елизабета Недановска – самостоен јавнообвинителски советник за односи со јавноста, а со тоа и да ја подобрат нивната соработка.
Програмата имаше за цел да ја подобри соработката меѓу новинарите и Јавното обвинителство преку разгледување на предмети поврзани со слободата на говорот во Европскиот суд за човекови права.