Следењето на спроведувањето на делот 6 од планот 3-6-9 открива дека од вкупно предвидените 31 активност:
- 16 активности (52%) се исполнети,
- 5 активности (16%) – се делумно исполнети,
- 6 активности се неисполнети (19%),
- 4 активности (13%), се немерливи
Се забележува подобрување на Планот во насока на зголемување на неговата мерливост и предвидливост. Друг значаен момент е што Владата, овој пат, го објави планот во целост односно ги објави активностите кои треба да бидат преземени за целото времетраење на планот 3-6-9.
Исто така, како позитивно се оценува и направената приоретизација во однос на реформски области. За разлика од претходниот план, овојпат, акцентот е ставен на реформите во правосудството, безбедносните и разузнавачките служби и јавната администрација.
Покрај овие позитивни моменти, евидентни се и аномалиите кои се повторуваат во оваа, како и во претходната верзија на Планот. Имено, застапени се мерки кои по својата природа се континуирани активности на институциите или нивна ресорна надлежност. Тие не се и не можат да бидат реформска активност.
Што се однесува до процентот на адресирани препораки од извештајот на Прибе од 2015 година и Итните реформски приоритети на Европската комисија, активностите во делот 6 го запазуваат истиот опфат како со делот 3. Оттука, 8 активности од вкупно 31 – колку содржи планот, за овој временски период можат да се поврзат со овие два извештаи.
За повеќе детали од наодите погледнете го целосниот извештај достапен на оваа страна.