Извештаи за настани
Во рамки на конференцијата беа одржани четири панел дискусии со проминентни предавачи од земјата и од држави - членки на Европската Унија. Дискусииите беа на теми поврзани со климатските промени на Балканот; предизвиците и можностите за енергетскиот сектор и водите, како и улогата на образованието за успешен развој на зелени економии и општества отпорни на климатски промени.