Проектот има за цел да ги вклучи студентите од овие две високо образовни институции и други заинтересирани, со цел да им обезбеди простор за неформално образование на теми поврзани со религијата како и дневно-општествени теми од особен интерес. Завршниот настан за студентите од студиската 2018/2019 година се одржа на 15 април во Тетово и придонесе за зголемување на контактите на студентите по теологија со цел размена на мислења и поттикнување на меѓурелигискиот дијалог помеѓу младите во земјата.
Поконкретно фокусот беше ставен на развивање на меки вештини кај учесници преку практични работилници и вежби.