Извештаи за настани
На настанот присуствуваа 20 студенти кои имаа можност да слушнат предавања и да се вклучуваат во дискусија на следните теми: Религија и граѓаните, Улогата на жената во религиите, Значењето и традицијата на верските храмови, но и практични примери и иницијативи за меѓурелигиски дијалог.
Меѓурелигискиот час е организиран во соработка со Православниот Богословски Факултет и Факултетот за Исламски Науки со цел на студентите да им обезбедува простор за дискусија и разменување на мислења на теми поврзани со религијата како и дневно-општествени теми.