Извештаи за настани
Во првиот дел од 11 до 13 мај во Охрид 28 млади луѓе од Западен Балкан имаа можност да развиваат идеи и решенија за проблемот со одливот на мозоци и тоа со фокус на 4 области: вработување, образование, граѓански и човекови права како и квалитет на живот.
Мерките и идеите беа презентирани на 14 мај на отворена конференција во Скопје на која што свое излагање имаше и министерката за образование и наука Рената Дескоска.
Финалниот документ кој ќе биде изработен од настанот ќе биде споделен со владите на сите земји од Западен Балкан.