За време на повеќе од седум годишната извонредна соработка во областите на ЕУ интеграција, прекугранична и регионална соработка, безбедноста, животната средина и меѓурелигиски дијалог, КАС и Мартенс Центарот покажаа дека со взаемни напори можат да ги зајакнат заедничките европски вредности на Западниот Балкан.
Поранешниот претседател на фондацијата Конрад Аденауер, д-р Ханс Герт Потеринг и директорот на канцеларијата на КАС во Скопје, Норберт Бекман-Диркес, ја примија наградата и изразија благодарност за исклучителната соработка со Мартенс Центарот. Микулас Џуринда, претседателот на Мартенс Центарот ја честиташе наградата на канцеларијата на КАС во Скопје и изрази надеж за уште подлабока соработка во иднина.