За прв пат од почетокот на пандемијата, КАС Скопје и Мартенс центарот беа во можност да организираат настани со физичка присуство во согласност со протоколите за заштита од корона вирусот, но и со користење на некои хибридни елементи за говорниците од странство.
Примарна цел на овие настани беше да се отвори дискусија за главните постизборни предизвици и ЕУ перспективата на Република Северна Македонија. Политичари, професори и експерти разговараа за различни теми, вклучително и теми како партискиот плурализам и општествената поларизација, предпристапните преговори со ЕУ, приоритетите и предизвиците на новото Собрание, јавното здравје, образованието и КОВИД-19, економскиот пад предизвикан од пандемијата итн.