На отворањето поздравни обраќања имаа Роберт Јанев, програмски менаџер на Фондацијата Конрад Аденауер и проф.д-р. Ѓоко Ѓорѓевски, декан на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“. Подоцна следеше краток осврт на темата од двајцата професори проф.д-р. Дарко Анев, Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“ и проф.д-р. Хасан Џило, Факултет за исламски науки.
Потоа групата продолжи со студиска посета на Архиепископскиот соборен храм „Св. Климент Охридски“. Проф.д-р. Дарко Анев на самиот почеток даде свој вовед за Христијанството, симболите и нивните значења. Потоа студиската посета продолжи во Мустафа-пашината џамија, каде што проф.д-р. Хасан Џило одржа кратко предавање за традицијата и симболите во Исламот.
За време на настанот, учесниците имаа можност да поставуваат прашања и да се вклучат во дијалог со останатите присутни. Оваа размена служеше за поттикнување на меѓусебната комуникација помеѓу учесниците од различна верска припадност.