Извештаи за настани
Во рамки на настанот се одвиваа интерактивни предавања и дебата помеѓу студенти и професори од Македонија и Грција, како и претставници од НВОа од двете земји кои се активни во оваа сфера. Теми за дискусија во рамки на конференцијата беа поттикнувањето на меѓувладина соработка меѓу двете држави со цел справување со заедничките безбедносни предизвици; хуманитарните предизвици на границите како што се трговијата со луѓе и криумчарење; прекуграничната соработка, миграцијата и менаџирањето на бегалската криза како и справувањето со предизвиците на продолжената бегалска/мигрантска кризата преку регионална соработка на НВОа на Балканот.
Покрај панел дискусиите и работилниците, учесниците беа примени и од страна на министерот за надворешни работи, г-дин Никола Попоски.
Исто така, студентите имаа можност да се сретнат и со градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов, а потоа го посетија и бегалскиот транзитен центар „Винојуг“, каде што се запознаа со капацитетите и условите за живот на мигрантите кои се сместени таму во моментов.