Извештаи за настани
Настанот се одржа на 05 ноември во големиот амфитеатар на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Иницијативата собера на едно место високи државни чинители, претставници на меѓународната заедница, експерти од областа на одбраната, безбедноста и меѓународните односи од земјата како и од регионот, кои заеднички дискутираа за актуелните безбедносни предизвици кои ја засегаат Европа и регионот, како и за неопходноста од поинтензивна соработка во услови на сè понеизвесни безбедносни и геополитички околности.
Настанот го отвори Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, а учество со свои излагања во рамки на конференцијата ќе имаат Министерот за одбрана Владо Мисајловки, Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, како и Амбасадорката на СР Германија во Република Северна Македонија, Н.Е. Петра Дрекслер.