Содржински, работилницата вклучи анализа на состојбите на социјалните мрежи и дигиталниот маркетинг, преференциите на различните генерации за типови на содржини, етична и соодветна комуникација за време на криза. Методолошки, се работеше со инклузивен метод, преку анализи на актуелни случаи, дискусии и примери. Компаративните примери беа исклучетилно корисни за извлекување на заеднички заклучоци донесени експертски од сите присутни, кон што придонесе и мулидисциплинарното искуство на учесниците, членови на комуникацискиот тим на ВМРО-ДПМНЕ.
Работилницата беше отворена од директорот на КАС, Норберт Бекман-Диркес и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кои срдечно ги поздравија и охрабрија залагањата на учесниците за унапредување и размен на знаењето.