Настанот го отвори германската амбасадорка во земјата, Анке Холштајн, која ја поздрави идејата за овој панел, кој го нарече „панел кој се издига над политиката“, со оглед на тоа што негови учесници беа градоначалници од различни политички партии, кои со своето присуство покажат отвореност за соработка и желба да се информираат за успешни проекти кај своите колеги од други општини.
На настанот свое излагање имаше и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Таа нагласи дека со воведување на нови проекти во дигитализацијата ќе се поедностави работата на бизнис секторот, планирана и е поддршка за развој на дигитални хабови за нови Start Up компании, а воедно на агендата на Град Скопје е воведување на план за координативна соработка помеѓу општините.
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски говореше за спроведување на нов проект кој е наменет за поддршка на женското претприемаштво, со кој ќе бидат поддржани 100 жени во отпочнување на свој бизнис, општина Центар ќе работи и на дигитализација на услуги.
Градоначалникот Марко Колев од Велес, ги поздрави германските инвеститори во Велес и порача дека иако општина Велес нема индустриска зона која е под капата на ТИРЗ, туку располага со индустриска зона за која се грижи општината, мошне е свесен за проблемите со кои се соочуваат инвеститорите. Тој посочи дека негов приоритет е подобрување на инфраструктурата за која има планирано дополнителен буџет, но и конкретни проекти со Министерството за животна средна за намалување на загадувањето, со градење н прочистителни станици, инвестирање во мерна стана и пошумување на градот и околината.
Максим Димитриевски, градоначалникот на општина Куманово информираше дека и кумановската индустриска зона не е под капата на ТИРЗ, туку општината се грижи за актуелните и потенцијалните инвеститори. Последна значајна инвестиција е на германската компанија Дрекслермајер, која отвори 800 работни места, а во моментов се заинтересирани и една грчка и две македонски компании за инвестирање во Куманово. Негов фокус во овој мандат ќе биде ставен на стопанскиот развој, намалување на бирократските процедури, како и справување со загадувањето.
Од повеќе претставници на компаниите како најприоритетни теми беа ставени подобрување на инфраструктурата, намалување на бирократијата, изградба на станови за млади лица кои својата работна перспектива ќе може да ја реализираат и надвор од главниот град, како и намалувањето со загадувањето.
Транспарентноста, правната сигурност, но и волјата да се слушнат потребите на компаниите можат да донесат нови инвеститори, како и долгорочно планирање- соопшти Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија.
На настанот активно учествуваа градоначалници од 15 општини.
Themen
„Politisches Engagement bedeutet, auf den gesellschaftlichen Zusammenhalt zu setzen“
4. Expertengespräch des Promotionskollegs Soziale Marktwirtschaft u.a. mit Dr. Horst Reinhardt
Was kommt als Nächstes auf die Vereinigten Staaten zu?
El sueño de Nicaragua de tener su propio canal
MERCOSUR - neue Hoffnung?