Личниот маркетинг подразбира себепромовирање, самопромовирање на сопствените настани, достигнувања, победи, па дури и на сопствените порази, проблеми и научени лекции. Целта на себепромоцијата е да се зголеми персоналната видливост пред другите, а со тоа и да се зголеми можноста за вработување, унапредување и сл. Личниот бренд претставува самопромовирање на силните страни и на посебностите пред одредена целна група.
Обуката имаше за цел развивање и унапредување на вештини за успешно себепретставување, успешно менаџирање со личните квалитети но и слабости, препознавање на персоналната уникатност, посебноста на личниот бренд, како и совладување на техники за успешно самопромовирање.
Учесниците на обуката имаа можност за се запознаат со повеќе техники на самопретставување, градење личен и виртуелен бренд, како и да ги применат совладаните вештини преку практични вежби и симулации.
Обуката ја спроведе др. Даниела Карадаков, професор во наставната област Менаџмент на човечки ресурси на Бизнис академија Смилевски БАС, Скопје.
По обуката следуваше предновогодишно дружење со нашата КАС алумни мрежа. Беше огромно задоволство на едно место да се видат стипендисти од повеќе генерации!