Извештаи за настани
“Општинската политика, локалната политика е исто така училиште за високата политика” (Конрад Аденауер)
Политичка академија понуди теоретски знаења како и практична обука за развој на вештини за практична работа на локално ниво. На неа учество земаа кандидатите за градоначалници и носители на советнички листи на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори 2017.
Како гости-предавачи покрај домашните експрти, свои излагања имаа и Кристијан Седек од Католичкиот универзитет на Хрватска, Марко Селаковиќ, Експерт за односи со јавност и медиуми од Србија и Хенрик Дејл, Советник за комуникации на парламентарната група Хојре – Норвешка.
Со учеството на академијата учесниците ќе можат да ги применат стекнатите вештини и знаења за да влијаат врз развојот на локалната политика.